Три корисни трикови за белење на забите без кариес

Трикови за секојдневна хигиена на забите и усната шуплина

 |  инфодеск  | 

Храната и пијалоците кои ги конзумираме секојдневно предизвикуваат жолти дамки на забите, но и создава бактерии кои ги уништуваат забите и непцата. Овие три трикови помагаат да ја задржите блескавата насмевка и помагаат при секојдневната хигиена, а воедно се природни и бесплатни.

Сол против жолти дамки и лош здив

-Во половина лажица морска сол додајте половина лажица топла вода.

-Почекајте солта да се стопи

-Во растворот потопете ја четката за заби

-Темелно исчеткајте ги забите, а потоа измијте ги со млака вода.

Масло против кариес и воспаление

-Земете лажица кокосово, бадемово или маслиново масло

-Наутро, пред доручек маслото да се испира во усната шуплина

-По 5 до 10 минути маслото да се исплука и да се испере устата со млака вода

Вода против бактериите

-Устата наполнете ја со топла вода

-Темелно исчеткајте ги забите и исплукајте ја водата

-Постапката повторувајте ја два до три пати по ред.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top