Конзумацијата на вино во опаѓање

Франција, земјата на виното е надмината

 |  инфодеск  | 

Меѓународната организација за вино, соопштила дека конзумацијата на вино во 2013 година опаднала. Спрема нивната анализа, Американците најмногу пијат вино во светот, пред Французите познати по култот за пиење вино.

Во 2013 година испиени се 238,7 милиони хектолитри вино, односно 2,5 милиони помалку во однос на 2012 година. Најмногу од испиеното вино е во САД (29 милиони хектолитри), потоа доаѓа Франција (28 милиони), потоа следуваат Германија, Италија и Шпанија, се наведува во соопштението.

САД прв пат ја надминаа Франција, земјата на виното, не затоа што Американците пијат повеќе туку Французите го намалиле конзумирањето за 7%.

Заработката од продажба на вино на светско ниво достигнува 73 милијарди евра.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top