Американскиот политоколог Phil Butler изнел интересна теорија за распадот на Југославија за рускиот New Eastern Outlook.
Phil Butler тврди дека Југославија била голема и моќна сила во очите на западните земји и како таква претставувала голема закана.
“Обидете се да ја замислите Европа денес со Југославија како една од клучните играчи? Јас можам. Југославија беше еден од најдобрите културни и човечки експерименти во историјата. Основана е на подрачјето на конфликти на некогашните големи царства Австроунгарија и Османлиското, Југославија ги стопи двете култури и ги асимилира луѓето на начин кој сеуште не е виден досега”, напишал Butler.
Политикологот, исто така, тврди дека државата се распаднала под притисок на НАТО и западните сили на кои не им било во интерес во близина да имаат така силна и независна држава. Butler смета дека во Југославија помеѓу 60-те и 80-те години на минатиот век владеела благосостојба и развој кој резултирал со добар здравствен систем, бесплатно образование и работа за населението со пристоен животен стандард.
Тој тврди и дека токму економскиот просперитет и идеолошката независност биле главната причина поради која западните сили одлучиле да стават крај на Југославија.
“На земјата не и било дозволено да се натпреварува со Франција, Германија и Велика Британија бидејќи лондонските и луксембуршките банкари не можеле од социјалистичкиот режим да цедат милијарди. Југославија мораше да умре, а Буш, Реган и Клинтон помогнаа тоа да се случи”, смета Butler и наведува дека сличен принцип е користен во Либија и Ирак.
Дали планот на Нато успеал?, прашува аналитичарот и одговара: “Секако дека да”, споредувајќи ја денешната положба на земјите кои се создадоа по распадот на Југославија во светската економија со онаа положба која ја завземала непосредно пред распадот на екс заедничката држава.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град