Откако минатиот месец HTC и Samsung ги претставија новите модели на своите најпопуларни серии (One и GalaxyS), дојде ред на Sony кој денес во Јапонија го најави наследникот на популарниот Xperia Z3. Новиот модел не носи некои револуционерни новитети, но затоа е потенок и полесен а доаѓа со посилен хардвер кој би требало да ги задоволи сите љубители на оваа компанија.
Дијагоналата на екранот на Xperia Z4 изнесува 5,2 инчи, со Full HD резолуција (1920х1080 пиксели), а хардверот е составен од 64-битен Snapdragon 810 процесор и има 3 GB RAM. Меморијата изнесува 32 GB, а за корисниците на кои тоа им е малку тука има простор за мемориска картичка со капацитет од 128 GB што е и повеќе од доволно место за сите фотографии, музика и видеозаписи.Од Sony се очекува секогаш одлична камера па така и во овој модел се наоѓа камера со резолуција од 20.7 MP, додека на предната страна има камера од 5.1 MP. Од останатите детали за овој телефон треба да се истакне и батеријата со капацитет од 2,930 mAh, како и верзијата 5.0 на Android.
Куќиштето на телефонот е направено од метал, а уредот е тенок 6,9 mm и тежок е 144 грами. Како што веќе сме навикнати на Z моделите на Sony, така и овој модел е отпорен на вода и прашина.
Засега Sony овој модел го најавува само за јапонскиот пазар на кој би требало да се појави во продажба наскоро а подоцна и на останатите пазари во светот. Цената по која ќе се продава сеуште не е позната.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град