Конечно полека се гаси еден од најомразените софтвери на светот

Google одлучи овој процес да го забрза

 |  инфодеск  | 

Adobe Flash е еден од најомразените софтвери на светот кој многумина не го сакаат поради лошите перфоманси и честите големи пропусти во безбедноста, и за среќа во последните неколку години тој полека изумира, а Google одлучи овој процес да го забрза и овој софтвер да го докрајчи засекогаш.

Имено, Google престана да користи Flash за автоматско пуштање на реклами во својот Google Chrome интернет пребарувач. Споменатата опција автоматски е вклучена на Chrome и сама ќе ги оптимизира plugin-те, а целта е да се штеди на батерија и намалување на оптеретување на процесорите што се случува при пуштање реклами автоматски. Тоа значи дека корисниците, барем оние кои без реклами не можат да си го замислат животот, од сега ќе мора самостојно да кликнат на рекламата за да ја покренат.

Оваа промена се должи на тоа што Google AdWords овозможи автоматско конвертирање на рекламите креирани со користење на Adobe Flash технологијата во HTML5 видео, кој е далеку подобар и побезбеден формат за пуштање видеа.

Сепак, Adobe Flash и понатаму ќе постои сѐ додека на овој чекор не се одлучат и стриминг провајдерите, но очигледно дека крајот на Adobe Flash е блиску, пишува thenextweb.com

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top