До 2029-та компјутерите ќе се попаметни од луѓето

Во Гугл предвидуваат

 |  инфодеск  | 

Реј Курцвајл, експерт за вештачка интелегенција во компанијата Гугл, предвидува дека до 2029-та година компјутерите ќе се попаметни од луѓето.

Тој веќе предвидел дека во наредните 15 години ќе стануваат се поинтелегентни и дека ќе можат да разбираат што зборуваме, да учат од искуствата, да се шегуваат, да раскажуваат приказни, па дури и да флертуваат.

Курцвајл (66) кој се смета за еден од најголемите експерти за вештачка интелегенција, а неговата идеја „сингуларитета“ е популарна меѓу технолозите, а тоа е моментот кога луѓето и машините ќе станат едно исто.

Гугл го вработил кон крајот на 2012 за да работи на наредниот проект на компанијата – пребарувач кој се служи со вештачка интелегенција и ќе не познава подобро отколку ние сами себеси.

Во интервју за Observer New Review, Курцвајл вели дека компанијата не му дала никакви упатства, освен дека му наложила да пронајде начин да го научи Гугл да разбира природен јазик.

„Мојот проект е да основам пребарување на разбирање јазици“, вели тој.

Курцвајловите предвидувања се само дел од порано најавуваните проекти на Гугл дека ќе направи најголема лабораторија за вештачка интелегенција.

Компанијата купи веќе неколку компании кои се занимаваат со производство на роботи, вклучувајќи ја и Boston Dynamics.

Курцвајл е познат по пронајдоци кои го сменија светот – првиот десктоп скенер, првиот компјутерски програм кој можеше да препознае слоговни фонтови, и првиот синтисајзер на говор.

Тој во 1990 предвидел дека компјутер ќе го победи шаховскиот првак на светот (Во 1997, IBM Deep Blue го победи Гари Каспаров) и дека world widе web ќе биде хит и тоа во моментот кога мрежата ја користеле само неколку научници.  

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top