Колку Крим ќе ја чини Русија

Крим мора да се финансира од Москва

 |  инфодеск  | 

Спрeма годишните пресметки Русија за да го финансира Крим ќе мора да одвојува најмалку 2,5 милијарди долари, пишува московскиот дневник Ведомости.

Спрема досегашните најави и одржаниот референдум, на кој повеќе од 95% се определиле за излегување од Украина и спојување со Русија, Крим ќе се финансира од буџетот на Русија.

Спрема податоците кој во Москва ги доставил претставник на владата на Крим, до крајот на 2014 година, на Крим му се потребни околу 800 милиони долари за да ги покрие пресметаните расходи.

Во министерството за финансии на Русија сеуште не се направени прецизни сметки за потребите на Крим, но експертите, на кои се повикува Ведомости, тврдат дека уште во 2014 година ќе бидат потребни трикратно поголеми средства од оние што ги признаваат во моментов владините функционери.

Аналитичкарката од компанијата S&P, Карен Вартапетов, смета дека Москва ќе мора да „искешира“ околу 800 милиони долари за да ги зголеми платите и пензиите, на околу 1,9 милиони жители на Крим, до рускиот просек. Вартапетов наведува дека просечните приходи по глава на жител на Крим е за 3,5 илјади рубљи помал од оној во Русија.

Дури и најсиромашните делови на Русија како што се Северна Осетија, Ивановска и Тамбовската област, добивале во 2013 година толку средства од рускиот федерален буџет за да можат да го постигнат просекот на приходи на своите жители од околу 30 илјади рубљи.

Анализите покажале дека Русија ќе мора да одвојува околу 1,5 милијарди долари само за исплата на пензии на Крим. Просечните примања на еден пензионер на Крим се за дупло помали од оние во Русија, а меѓу пензионерите има и такви кои се воени пензионери со право на посебни додатоци на редовната пензија.

Најмногу трошоци Москва ќе има за обнова на потполно запуштениот Крим, како што наведуваат руските медиуми за обнова на истрошената инфраструктура. Некои руски олигарси најавиле инвестирање во проекти на Крим, но никој не знае да прецизира колкави ќе се количините на инвестиции во стратешката важна покраина каде се наоѓа и седиштето на руската црноморска флота.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top