Најголемиот светски производител на безалкохолни пијалоци, Кока-Кола, планира од рецептурата на некои свои пијалоци да ги исфрли спорните состојки.
Постапувајќи во склад со една онлајн петиција, Кока-Кола планира да ја исфрли BVO, вид на растително масло, кое се додава во овошните пијалоци, како што е фанта, пишува BBC.
Еден елемент од тој адитив би можел да има негативни последици по здравјето на луѓето, сметаат активистите.
Портпаролот на Кока-Кола, Џош Голд, истакнал дека исфрлањето на состојката BVO не е прашање на безбедност.
„Сите наши пијалоци, вклучувајќи ги и оние што содржат BVO, се безбедни и отсекогаш биле во склад со правилата во земјите во кои се продаваат“, рекол тој во изјавата.
„Безбедноста и квалитетот на нашите производи се наш најголем приоритет“, наведува Голд.
Ривалскиот производител Пепси таа супстанца ја исфрлил од употреба минатата година.
Портпаролот на Пепси навел дека компанијата има планови и дека работи на исфрлање на BVO од сите свои производи.
Грижата доаѓа од таму што BVO се користи како стабилизатор и ги спречува состојките да се дезинтегрираат, а BVO содржи бромид, со бромоводородна киселина.
Судејќи спрема медицинските истражувања од клиниката Мејо, прекумерна конзумација на пијалоци кои содржат BVO предизвикуваат негативни здравствени ефекти.
BVO е исфрлен од листата на безбедни состојки во Америка во 1970 година, но на производителите на пијалоци им е дозволено користење во ограничени количини.
Во Јапонија и ЕУ, неговата употреба како додаток на храната не е дозволен.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град