Којa е Кончита Вурст?

Нова евровизиска ѕвезда

 |  инфодеск  | 

Австриската музичка ѕвезда, Кончита Вурст, родена под името Том Нојвирт, моментално се наоѓа на покривот на Европа, по триумфот со баладата “Rise like a Phoenix” за песната на Евровизија одржана на 10 мај во Копенхаген.

Министерот за култура на Австрија, Јозеф Остермаер, изразил задоволство што Австрија победила и рекол дека се радува што неговата земја ќе биде домаќин на ова натпреварување идната година.

“Првото место на Австрија на Евровизија е голема победа за Кончита Вурст, но и победа по прашањето за толеранција и почит”, порачал министерот.

Том Нојвирт пред Евровизија долго време собирал искуство во разни емисии на австриската државна телевизија ORF, но најголемиот успех го отстварува откако станал Кончита Вурст, облечен како жена и со брада.

Роден е во Гмунден во Горна Австрија, а израснал во Бад Митерндорф во покраината Штаерска. Прв пат се појавил на телевизија во 2006 година, кога учествувал во шоуто “Старманиа”, каде освоил второ место. Една година подоцна станал член на бој-бендот “Jetz anders”, а после распадот на бендот и неговата пеачка кариера малку стивнала.

Откако завршил училиште за моден дизајн во 2011 година, учествувал во шоуто “голема шанса”, каде за прв пат се појавил како Кончита Вурст.

Кончита Вурст и порано учествувала во квалификации за Евровизија, но тогаш не успевала да освои прво место. Минатата година од страна на стручното жири е избрана за претставничка на Австрија на Евровизија.

“Принципиелно не ја исклучуваме можноста дека некогаш ќе ја оставам периката дома, но тоа нема да биде во скора иднина. Мојата мисија ќе е отстварена кога нема повеќе да дискутираме кого смееме да сакаме”, изјавила Кончита.

Одењето на трансвеститската Ѕвезда на Евровизија беше критикувано во дел на австриската јавност, која беше поделена во врска со тоа. Така некои познати уметници, но и политичари зборувале дека е срамота една таква личност да ја претставува земјата.

На сите нив, но и на оние кои ги мрзат хомосексуалците, Кончита на бината во Копенхаген им порачала: “Не може никој да не сопре”.

Организатор за следното натпреварување за песна на Евровизија ќе биде јавниот сервис на Австрија, ORF.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top