Еве кога луѓето најмногу лажат

Лагите се секојдневна појава, било да се мали или големи

 |  инфодеск  | 

Истражувањата кои се работени во Харвард покажале дека концентрацијата на лаги е најмала наутро, но како одминува денот така пристојноста се намалува а лажењето станува дел од попладневното мени кај повеќето луѓе.

Вакво однесување главно се јавува под влијание на секојдневните обврски и проблеми кои нашата утринска искреност ја убиваат во текот на попладнето и вечерта.

Научниците напоменуваат дека човекот секој ден мора да биде под строга самоконтрола за да не доаѓа до крупни испади. Меѓутоа, се чини дека тоа ни поаѓа од рака само наутро, додека како изминува денот стануваме повеќе превртливи и наклонети на лажни изговори и неискреност.

Токму поради тоа, научниците напоменуваат дека важните одлуки би требало да ги носиме наутро, затоа што од приложеното се гледа дека навистина утрото е попаметно од вечерта.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top