Кога фирмата ќе нареди

Список на зборови кои не смееле да се изговорат

 |  инфодеск  | 

На вработените, кои ја проверуваат исправноста на возилата во компанијата General Motors, им бил доставен список на зборови кои не смееле да ги изговараат на своето работно место.

Американската влада одлучила да ја казни компанијата General Motors со 35 милиони долари, затоа што доцна ја известила јавноста за неисправноста на возилата поради кои  повлекла 2,6 милиони возила.

Владата објавила и документ од 2008 година каде компанијата им препорачува на вработените на работното место “да се држат само за факти” и да не изгоараат зборови кои би го нарушила угледот на компанијата.

“Ги поттикнуваме вработените додека зборуваат да говорат зборови и фрази кои можат да го подобрат процесот на безбедност на возилото”, се наведува во документот со списокот на зборови.

На списокот од 68 забранети зборови, зборот “дефект” е прв збор кој не смеел да се изговори ниту за едно возило. Тој збор бил забранет и да се напише во документацијата на возилата.

На списокот помеѓу останатите забранети зборови се наоѓаат: лош, застрашувачки, опасен, страшно, зло, апокалиптичен, распаѓање…Покрај овие лоши зборови се наоѓаат и безопасните зборови како, секогаш и никогаш.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top