Една од најпознатите италијански модни марки „Krizia” ја купил кинески малопродажен ланец. Тоа е уште една од познатите модни куќи кои отидоа во рацете на странци. Претходно модната куќа „Valentino” ја купи катарска компанија, а марката „Gucci” ја превзеде француската фирма Керинг.
Марката „Krizia” ја купил, кинеската фирма Шенжен марисфролг фешн, еден од најголемите продажни ланци за облека во таа земја, пренесува агенцијата Tasr.
На кинескиот пазар се појавила во 1993 година. Повеќе детали ќе бидат познати негде кон крајот на пролетта.
Мауриција Мандели ја основала фирмата „Krizia” во Милано 1954 година. Како што изјавила Мандели, функцијата претседател на управниот одбор и креативен директор ке ја отстапи на шефицата на кинеската компанија Чу Чунг Јин.
Таа, својата прва колекција би ја претставила во февруари идната година во Милано.
Фирмата Марисфролг соопштила дека во наредните пет години планира да отвори пет водечки продавници на марката „Krizia”во Кина, како и дека ќе ги обнови бутиците во најголемите градови во Европа, Јапонија и САД, кои претходно италијанската фирма ги затворила.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град