Киднапиран е авион на EgyptAir на Кипар

Киднаперот држи 55 патници и се заканува на властите

 |  инфодеск  | 

Авион на египетската авио-компанија EgyptAir е киднапиран по полетувањето од аеродромот во Александрија и слетал на Ларнака во Кипар.

Сеуште не е познато кој го киднапирал авионот, ниту причината за киднапирањето. Аеродромот во Ларнака е затворен, а другите летови се пренасочуваат.

Спрема пишувањата на порталот SigmaLive, киднаперот ги пушта жените и децата и побарал војската и полицијата да не се приближуваат до авионот.

Новинските агенции наведуваат од извори на компанијата и египетската влада дека авионот кој летал кон Каиро го киднапирал најмалку едно вооружено лице.  BBC пишува дека киднаперот барал авионот да слета во Кипар и дека наводно има експлозив.

Иако првобитно се појавија информации дека на авионот има повеќе од 80 патници, сепак медиумите јавуваат дека на летот имало 55 патници и седум членови на екипажот, пренесува Reuters.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top