Авион со 200 патници и екипажот бил грабнат на летот од Адис Абеба за Рим и принудно слетал во Женева, соопштила Швајцарската полиција. Сите патници се безбедни а леталото е во сопственост на Етиoпска авиокомпанија.
Како што е соопштено, уапсен е еден грабнувач, нема повредени а ситуацијата била под контрола.
Летот број 702 полетал од Адис Абеба околу 22.30 и требало да пристигне утрово околу 5.00 во Рим. Сепак авионот продолжил за Женева и слетал околу 6.00, а аеродромот во Женева бил веднаш затворен.
„Авионот принудно слетал, а слетувањео било безбедно. Сите 200 патници и екипажот се на сигурно на аеродромот“, наведено е во соопштението.
BBC пишува дека грабнувањето е изведено за време на летот додека го прелетувале Судан, а мотивите сеуште се непознати, иако се шпекулира дека во прашање е барање за азил.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град