Младата таеквондистка од БиХ, Надина Мехмедовиќ, вчера вечерта беше цел на киднапери, но успеала да им избега така што нокаутирала еден од нив.
Нападот на 17-годишната таекводистка која успеала да им избега на киднаперите откако нокаутирала еден од нив, го потврди нејзиниот татко, Елвин Мехмедовиќ.
Сакаме да ја известиме јавноста дека во неделата во вечерните часови во Шијам се случи неверојатна ситуација, непознати лица се обиделе да ја киднапираат Надина Мехмедовиќ, која е репрезентативка во таеквондо. Тие се обиделе на сила да ја внесат во автомобил и притоа и нанеле лесни повреди. Со Божја помош и нејзиното искуство во борби на натпреварувањата во таеквондо, Надина успеала еден од киднаперите да го нокаутира и да избега со што го избегнала и најлошото сценарио. Ова го објавувам од причина да не му се случи на некого истото и да се внимаваат – изјави Елвин Мехмедовиќ.
Таткото на таеквондистката потоа за босански Аваз изјави дека не може да даде повеќе детали бидејќи полицијата врши истрага за случајот, но побара помош во вид на информации.
Сите сме во шок поради овој случај и доколку некој видел нешто или знае нешто, секоја информација е добредојдена за полицијата – напомена Мехмедовиќ.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град