Чудо во Катманду, по пет дена спасено е дете во рушевините од земјотресот

На спасувачите им биле потребни седум часа за спасувањето

 |  инфодеск  | 

Детето го откриле непалските спасувачи кои работеле заедно со група на спасувачи од USAID. Водачот на американскиот тим, Andrew Olivera рекол дека детето не е длабоко закопано, туку е заробено помеѓу срушените катови од зградата.

На спасувачкиот тим им биле потребни седум часа да го извлечат надвор. Кога детето било изнесено на носила, насобраниот народ кој го набљудувал спасувањето почнал воодушевено да ракоплеска.

Во меѓувреме бројот на мртви во катастрофалниот земјотрес со магнитуда од 7,8 по Рихтер кој во саботата го погоди хималајскиот крај порасна на скоро 5.500. Спасувачите се очајни бидејќи обилниот дожд им ја отежнува работата. Во Катманду тоа и не е голем проблем, но во оддалечените подрачја во внатрешноста на земјата хеликоптерите се оневозможени да летаат на такво време.

Министерството за внатрешни работи објави дека до денес потврдено е дека страдале 5.489 лица а околу 11.000 се повредени.

Со оглед на обемот на катастрофата, ОН упати повик за донации во висина од 415 милиони долари за првата помош, проценувајќи дека се уништени 70.000 куќи, а 530.000 се оштетени во 39 од 75 окрузи во земјата. Спрема ОН, осум од 28 милиони жители на Непал се зафатени од катастрофата, од кои 1,7 милиони деца. Многу луѓе сеуште спијат на отворено, а во привремените живеалишта се појавила дијареа бидејќи нема санитарни чворишта и чиста вода.

Премиерот Sushil Kiorala изјавил за Reuters дека бројот на мртви би можел да достигне 10.000 бидејќи податоци од оддалечените села сеуште не пристигнале. 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top