Какви канцеларии ги прават работниците поефикасни

Заедничко истражување на британски, австралиски и холандски научници

 |  инфодеск  | 

Заедничкото истражување на британските, австралиските и холандските научници, покажало дека работниците во канцелариите се посреќни и поефикасни ако во просторијата има растенија.

Тие ги споредувале нивото на квалитетот на воздухот и задоволството на вработените во празни и “зелени” простории во компаниите во своите земји.

Работниците кои биле во празни простории ги преместиле во простории со растенија и во следните два месеци додека траело истражувањето тие биле за 15% поефикасни. Резултатите биле објавени во списанието Experimental Psychology.

“Вложувањето во украсување на канцеларијата со растенија се исплати, бидејќи се зголемува квалитетот на работата”, рекла Marlon Nieuwenhus од Универзитетот во Кардиф.

“Зелената канцеларија ја подобрува ефикасноста бидејќи работниците психички, когнитивно и емотивно повеќе се вклучуваат во работата”, додава коавторот на студијата Craig Knight од факултетот во Exeter.

Ова не е прва студија која го покажува добробитот на зелената канцеларија. Докажано е дека животот во такви зони го подобрува менталното здравје и дека зелените јавни површини го подигаат квалитетот на животот во градовите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top