Вредноста на швајцарскиот извоз во првото тромесечие пораснал за 4,4%, 51,3 милијарди франци, и е најголем раст од третиот квартал во 2012.
Истовремено, увозот бележи раст од 2,2%, 44 милијарди франци, со што надворешно трговскиот суфицит е зголемен за 1,2 милијарди франци, се истакнува во соопштението на федералната управа за царина, кој го пренесува весникот 24 часа.
Хемиската индустрија, со фармацијата, како една од најуспешните извозни гранки, забележала раст на извозот од 7,3% и тоа е деветти пат од 10 последователни квартали.
По стапката на раст, пред хемиската индустрија е индустријата за пластика со 8,7% а на третото место е машинската и електронската индустрија со 5,9%. Нешто пониски стапки забележале и металургијата, индустријата за часовници и производството на накит и бижутерија.
Спротивно, пад на извозот имале текстилната индустрија (0,1%), како и прецизната механика (0,8%). Осетен пад бележи прехранбената индустрија, пијалоците, тутунот (2,4%) и графичката индустрија (2,7%).
Што се однесува до регионалната продажба, швајцарскиот извоз пораснал према сите континенти освен Океанија. Продажбата на швајцарски производи спрема ЕУ пораснал за 5,7%, а најголем раст е отстварен спрема Велика Британија, Белгија и Шпанија, но извозот значително е зголемен и спрема Франција и Германија, која е главен надворешнотрговски партнер на Швајцарија.
Раст на извозот е забележан и спрема Јужна Америка (7,8%), Северна Америка (3,9%) а само во САД дури 4,2 %. Спрема Азија, во првиот квартал од годинава, извозот е зголемен за 1,2%, додека во Африка е отстварен зголемен извоз од 8,2%.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град