Како тоа го решаваат во Севастопол

Граѓаните излегоа на улица

 |  инфодеск  | 

Граѓаните на Севастопол, каде се наоѓа руската поморска база, а се верува дека и Јанукович, излегоа на улица затоа што не сакале Киевско сценарио. Властите во градот се сменети.

Како што пренесува Itar-Tas, претставниците на градските власти на Крим, кој се смета за главна база на руската поморска флота од 1783 година, морале да му ја доверат градската администрација на бизнисменот Алексеј Чалиј, затоа што тоа го барале илјадници граѓани кои излегле на улица во знак на протест за случувањата во Киев, барајќи сами да одлучуваат за својата судбина.

Граѓаните ја блокирале главната улица во Севастопол, скандирајќи „Чалиј“ и „Русија“, така што е свикан итен состанок на градското собрание.

Претставниците на градските власти анонимно гласале за формирање на ново тело – Секретаријат за поддршка и одржување на активностите на градот, чиј шеф ќе биде Чалиј, пренесува Itar-Tas.

Демонстрантите ја поздравиле оваа одлука, а состанокот е продолжен и на зградата на собранието се поставиле руски знамиња.

Да потсетиме дека украинските медиуми пишуваа дека токму во Севастопол се наоѓа Виктор Јанукович, по кој е распишана потерница за апсење заради обвинение за масовни убиства.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top