Свежите јајца се вкусна намирница кои совршено се сложуваат со многу јадења. Вечната дилема со која се среќаваме е дали јајцата се свежи кога ги купуваме. Ако сакате да сте сигурни во ова направете ги овие три теста за кои ќе ви се потребни неколку секунди.
Тест 1 – Во длабок сад или чаша наполнете вода. Јајцето нежно ставете го во чашата и набљудувајте што се случува. Свежото јајцево потполност ќе потоне и ќе се залепи на дното. Малку постаро јајце со еден дел ќе остане на дното а со дел од неговата површина ќе се подигне нагоре. Јајцата кои плутаат на површината се ризични за употреба и подобро е да не се користат.
Тест 2 – Заемете го јајцето во рака и доближете го до увото. Лесно протресете го и слушајте го звукот кој доаѓа од внатрешноста на јајцето. Ако не слушнете никаков звук, јајцето би требало да е свежо и добро за конзумација. Ако од внатрешноста на јацето се слуша мучкање тогаш тоа е најверојатно старо и подобро е да не го припремате за јадење.
Тест 3 – Скршете го јајцето, ставете го во бела чинија и набљудувајте. Ако жолчката стои цврсто и издигнато, а белката остане компактна околу, тогаш јајцето е свежо. Ако жолчката е цврста, но малку се рашири, а белката е проѕирна и сеуште не потполно разлиена по чинијата, јајцето е постаро. Ако жолчката е мека, потполно сплосната или веднаш се ралива по чинијата, јајцето е најверојатно старо и подобро е да не се припрема за јадење.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град