Како ќе изгледа светот во 2025 година

Храбри проценки кои предвидуваат интересна иднина

 |  инфодеск  | 

Фирмата за проценки на ризик, Thomson Reuters  објавила десет предвидувања до 2025 година. Извештајот предвидува развој на науката и технологијата во наредните десет години врз основа на анализа на светски научни патенти и научна литература.

Еве за што станува збор:

-Сонцето ќе биде главен извор на енергија на нашата планета благодарение на апсорпција, складирање и конверзија на енергијата.

-Големи парични средства ќе бидат вложени во проучување на деменцијата, па бројот на заболени ќе биде помал.

-Со модификација на човековиот геном ќе се спречува почеток на болестите како дијабетисот.

-Благодарение на напредокот во земјоделието, недостатокот на храна и промените на цените на намирниците ќе станат минато.

-Лесни летала и нови батерии ќе овозможат воздушен сообраќај за поединци во вид на микро-комерцијални авиони.

-Се што ќе не опкружува ќе биде дигитално.

-Пластичните кеси ќе станат минато, а потполно разградливи пакувања на база на целулоза ќе бидат задолжителни.

-Развојот на лековите ќе биде далеку попрецизен и ќе поврзува специфични протеини и ќе користи антитела за да биде спречен развојот на болестите како ракот. Нуспојавите на лекувањата ќе бидат далеку поблаги.

-Еволуцијата на нанотехнологијата во комбинација со “Big Data” технологијата кои опфаќаат податоци за многу различни луѓе, ќе направи мапирање на DNK на раѓање и ќе биде стандардна процедура. Исто така, превентивните лекарски прегледи ќе бидат задолжителни.

-Иако до 2025 година луѓето нема да можат да патуваат со телепортација, квантната телепортација ќе стане стварност, што ќе овозможи истражување на егзотични облици на материјата.

Колку од овие предвидувања ќе се отстварат допрва ќе видиме, но храбрите проценки укажуваат дека животот во 2025 година во најмала рака ќе биде интересен.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top