Еве како изгледа лудилото по iPhone кога ќе ги премине сите граници

Некои луѓе ги преминале сите граници за да дојдат до iPhone

 |  инфодеск  | 

Познато е колку некои луѓе се опседнати со новите модели на Apple па дури беа спремни да чекаат со денови пред дуќаните само за да дојдат до новиот модел на iPhone. Но, во некои случаеви луѓето ги преминаа сите граници а Huffington Post објавил некои од тие трагични и бизарни случаи.

-Брачен пар продал три деца – Во тек на неколку години еден кинески пар продал три новороденчиња само да можат да ги платат телефоните на Apple и скапите чевли кои ги купувале.

-Тинејџер продал бубрег – тинејџер во Кина во 2011 година го продал својот бубрег за да купи iPhone и iPad, а поради тоа подоцна се уапсени пет лица, вклучувајќи го и хирургот кој ја направил операцијата.

-Момче се обидело да ја изнајми својата девојка – за да обезбеди финансии за купување на новиот модел на iPhone, едно кинеско момче одлучило да ја изнајми својата девојка (само за “платонски состаноци”).

-Барал iPhone за мираз – маж од Саудиска Арабија ги искористил брачните обичаи па за венчавката на својата сестра побарал за мираз нов модел на iPhone.

-Во замена за iPhone 6 нудел сексуални услуги – во еден огласник е објавен оглас “ во замена за iPhone 6 нудам сексуални услуги”.

-Жена заменила ташна вредна 2000 долари за подобро место во редот пред дуќанот на Apple – пред почетокот на продажбата на новиот iPhone 5Ѕ, вработениот во дуќанот објавил дека имаат лимитиран број за продажба на новиот модел, а една жена ја заменила својата чанта Louis Vuitton за да се помести од петтото место во редот на трето.

-Тинејџерка наводно ја понудила својата невиност во замена за iPhone 4 – Девојка од Кина наводно, на социјалните мрежи, ја понудила својата невиност во замена за iPhone 4.

-Тепачки пред дуќаните на Apple – пред почетокот на продажбата на новите модели на Apple секогаш се прават големи гужви во кои понекогаш доаѓа и до тепачки.

-Шеф на полиција пратил десет полицајци да го пронајдат iPhone на неговиот син – дури десет полицајци морале да работат прекувремено за да го пронајдат изгубениот iPhone на својот шеф – никогаш не го пронашле.

-Украл iPhone од бебе – надзорните камери снимиле маж кој му го краде iPhone на 20-месечно бебе додека гледало цртан филм на него.

-Чекале во ред 22 дена – првите луѓе во ред за новиот iPhone во Њујорк застануваат 22 дена пред да почне продажбата. 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top