Најмалку 40 лица загинаа во неделата навечер во конфликт помеѓу фудбалски навивачи и полицијата која се обидела да ги спречи да влезат на стадионот, соопштило министерството за здравство на Египет.
Конфликтите избиле пред почетокот на натпреварот помеѓу Замалек и Енепи, пред стадионот во североисточниот дел на Каиро каде навивачите се обиделе со сила да влезат, рекол истиот извор.
Навивачите на Замалек, под името Бели витези (White Knights) тврдат дека полицијата со солзавец ги предизвикала нередите, а дека за навивачите била отворена само “мала метална врата обвиткана со бодликава жица”.
Натпреварите во египетската лига се одржуваат пред ограничен број на навивачи бидејќи пред три години загинаа 70 навивачи во најлошиот спортски инцидент во историјата на земјата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град