Во Загреб е отворено кафуле во кое не се наплатува она што ќе се испие, туку времето кое таму ќе се помине, а името на кафулето е “ Lutajuci sat”. Уредено е како стан во кој сите ќе се чувствуваат како дома, вели неговата сопственичка Ана Манзин.
-Се работи всушност за анти-кафуле. Во станот постои кујна која е опремена со сите пијалоци и секој може да земе што сака. Тука има и садови со кекси со кои гостите можат да се послужат, но и разни игри и интернет – објаснила Манзин и додала дека гостите во “ Lutajuci sat”, при влегувањето добиваат картичка на која го пишува времето на влез, а на излез повторно се пријавувате и добивате сметка. Цената на една минута е 25 липи (0,03 евра) или за половина час престој во кафулето се наплаќа едно евро.
Атмосферата, вели сопственичката, ќе биде потполно опуштена па гостите ќе можат да нарачаат и достава на храна, но ќе можат да организираат и разни собири и свечености.
-Просторот има прожектор и останата опрема и е идеален за предавања и слични активности. Концептот, во тој случај, останува ист. И понатаму ќе се наплатува времето проведено во кафулето, само што во тој случај , по гостин, ќе му се наплати на организаторот – објаснила сопственичката, која не се плаши дека некои лакоми гости ќе ја доведат до пропаст.
-Ако некој може да испие десет кафиња во еден час, нека ги испие. Но, мислам дека тоа не е можно, со насмевка вели Ана Мазин.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град