Јавно Wi-Fi само со лична карта

Во иднина корисниците ќе можат да се вклучат на интернет само со идентификација

 |  инфодеск  | 

Указот кој денес е објавен на владината интернет страница, а кој го потпишал рускиот премиер, Дмитриј Медведев, ги обврзува операторите да ги идентификуваат корисниците, вклучувајќи нивно име и презиме, адреса на престој и број од личната карта.

Покрај тоа, операторот ќе биде обврзан да го означи единствениот број на апарат од кој корисникот се вклучувал на интернет. Добиените податоци ќе се чуваат половина година и по потреба ќе се даваат на истражните органи и служби.

Во руската дума објаснуваат дека новината е воведена од безбедносни причини.

“Во тек е информативна војна. Анонимното приклучување на интернет на јавни места овозможува противправните дејствија да останат неказнети. Многу е комплицирано да се најде прекршителот”, објаснил заменик претседателот на комитетот за информациона политика при државната Дума, Вадим Денгин. Според неговите зборови, “Американците се плашат од војна, сега им одговара повеќе да војуваат во информативниот простор. Го засилија својот холдинг Глас на Америка и оние кои се заинтересирани за дестабилизација. Се обидуваат да го наполнат интернетот со измамници, фашисти и екстремисти. Се што е поврзано со интернет мора да биде идентификувано”, рекол Денгин.

Исто така, Руската влада на 31 јули ги обврзала социјалните мрежи и популарните интернет страници да ги означат опремата и програмите со кои специјалните служби ќе можат автоматски да добиваат информации за дејствието на корисниците на тие страници. 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top