100 години од постоењето јапонската железница Sebu ќе ја прослави со покренување на нова линија супер-возови кои би се вклопувале со околината. Со други зборови ти е ќе бидат скоро невидливи.
Железничкиот конгломерат Sebu Railways новата линија на возови ја планира да биде со површина која ќе има висока рефлексија што ќе му овозможи на возот лесно да се стопи со околината и практично да стане невидлив.
Угледната јапонска архитетка Kazuyo Sejima е задолжена да направи дизајн за овој воз, а нејзините дизајни се познати по модернистички елементи. Таа во својот дизајн често користи чисти и сјајни површини, како што е стакло, мермер или метал.
“Помислив дека би било добро возот да коегзистира со разноликоста на пејсажите во Јапонија”, рекла Sejima а пренесува Bussines Insider.
Нејзината идеја е патниците во тој воз да опуштат и да се чувствуваат како во сопствената дневна соба.
Надворешноста на возот, кој се нарекува Red Arrow, ќе биде прекриена со полутранспарентни површини и огледала, а Sejima уверува дека тоа ќе биде досега невиден спој.
Возот би требало да биде во промет во 2018 година и ќе има 8 вагони кои ќе ги направи јапонската компанија Hitachi Ltd.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град