“Вози Мишко”, “И тата би сине”, се популарни фрази кои и денес ги изговараме како сами да сме ги смислиле. Има многу начини да се каже некоја иста работа. Начинот на говорот и фразата кои ги користиме кон соговорникот не ја пренесуваат само моменталната порака туку и нешто од самиот карактер, образованието и гледањето на светот, за опкружувањето каде припаѓаме, или барем сакаме да припаѓаме и за смислата за хумор. Некои реченици од филмовите, а особено од оние на екс Југославија, станале толку популарни што ги изговараме како сами да сме ги смислиле. Зошто баш тие а некои други?
“Сигурен сум дека сите сценаристи на светот планираат дека некоја фраза од нивниот филм ќе заживее низ јазиците. Сепак, на крај суди публиката и таа е факторот кој одлучува дали ќе прифати или ќе игнорира. Тоа е спонтан процес”, објаснува Иво Жаниќ, професор на факултетот за политички науки во Загреб. Некои добри филмски фрази се отидени во пензија додека некои се пренесуваат од колено на колено. Тој вели дека некои филмски цитати донесле и позитивни промени, го прошириле фразеолошкиот и меѓугенерацискиот фонд. Изразот “вози Мишко” од филмот “ко то тамо пева”, денес функционира како и пред 30 години кога е снимен филмот од Слободан Шијан.
“Мишко е општо име кое се користи и кое добро влегло во човековото уво”, додава Жаниќ, но значењето малку се сменило. Филмскиот Мишко е благо ретардирано момче, но затоа пак е прав “гениј за возење”, како што го фали неговиот татко, кондуктерот Крстиќ, и ако треба “може да вози со врзани очи”. Денес Мишко е секој возач што сакаме да го потикнеме да вози побрзо.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град