Излез од еврозоната или мерки на штедење до 2030 година

Ден за голема одлука и тежок избор на јужниот сосед

 |  инфодеск  | 

Атина е преплавена со плакати од заговорниците за останување во еврозоната и противниците на мерките за штедење. Поради предреферендумскиот молк нема нови собирања ниту протести и не смеат да се објавуваат анкети, а спрема оние последните земјата е длабоко поделена.

Што навистина мислат, скоро 10 милиони Грци со право на глас, ќе се покаже веќе во 19 часот по локално време. Биралиштата се затвораат во 19 часот, а првите официјални проекции на резултатите се очекуваат два часа потоа.

За да биде референдумот успешен мора да излезат 40% од регистрираните бирачи. Се чини дека тоа нема да претставува проблем бидејќи спрема анкетите се очекува излезност поголема од 80%, а празната грчка каса ова ќе ја чини 20 милиони евра.

Ако Грците се изјаснат против, најверојатно ги чека излегување од еврозоната и неизвесна иднина, додека ако гласаат “за” тогаш и најоптимистичките сценарија предвидуваат штедење до 2030 година што покажува дека пред Грците е тежок избор.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top