Дијамантот кој требало да биде лансиран во вселената паднал повторно на земја а тој што ќе го пронајде може и да го задржи, рекол сопственикот на дијамантот.
Неверојатна вест ги воодушевила жителите на Велика Британија. На подрачјето помеѓу Lincolnshir и Gainsbourg паднал дијамант вреден дури 12 милиони фунти, а ќе му припадне на оној кој ќе го пронајде. Се работи за дијамант кој бил монтиран на голем балон и требало да биде лансиран во вселената. Но, кога балонот се искачил превисоко, експлодирал а дијамантот паднал назад на земјата.
Овој несекојдневен чин го извел славниот лондонски златар и соосновач на “77 Diamonds” Tobias Kormind за да си го зголеми публицитетот, пренесува The Independent.
Цивилното воено воздухопловство проценило дека дијамантот паднал отприлика осум километри на патот од Leo до Gainsbourg.
Kormind изјавил дека се надева дека некој наскоро ќе го пронајде и ќе биде новиот сопственик на вредниот дијамант.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град