По Ајова, Њу Хемпшир, Јужна Каролина и Невада, предизборите во вторник се одржуваат во десет американски држави за секоја партија, меѓу кои и Тексас кој дава најмногу делегати.
Поранешната државна секретарка е фаворит кај демократите за “супервторникот”. Таа во саботата победи на внатрпартиските избори на Демократската партија во Јужна Каролина со што ја освои третата од четирите сојузни држави во кои досега се одржаа партиски избори. Во анкетите кои се направија од NBC и Wall Street Jurnal, пред изборите во Тексас, Џорџија и Тенеси, Клинтон има помеѓу 20 и 34 процентни поени повеќе од Берни Сандерс. Сандерс призна дека е победен во Јужна Каролина каде 86% од Афроамериканците гласале за Клинтон. Неговата стратегија се темели на државите во кои малцинствата се помалку застапени а тоа се Масачусетс, Минесота, Оклахома, Колорадо и Вермонт. Досегашните резултати покажале дека Сандерс нема голема поддршка вон својата база која претежно ја чинат бели либерали. Сандерс вети дека останува во трката до крај, а тимот на Хилари Клинтон исто така ги гледа предизборите како маратон, а не како трка на кратки патеки.
Доналд Трамп, кој победи во Њу Хемпшир, Јужна Каролина и Невада, води пред своите противници, меѓу кои најдобро стои сенаторот Марко Рубио од Флорида и тексашкиот сенатор Тед Круз. Њујоршкиот милијардер води според досега освоените делегати, води во анкетите на национално ниво и во поголемиот број држави кои ќе гласаат во вторник. Многу противници на Трамп стравуваат дека тој на 1-ви март би можел да земе замав кој подоцна е невозможно да се достигне.
На “Супервторник” се бираат околу една четвртина од вкупниот број делегати и затоа е големото значење на предизборите на овој ден.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град