Избран е човекот кој ќе го извлекува Volкswagen од проблемите

По повеќечасовен состанок избран е “спасителот” на VW

 |  инфодеск  | 

Најголемиот светски производител на автомобили го избра новиот директор на групацијата, шефот на Porcshe, Matthias Mueller, кој вети дека ќе ја расчисти аферата со дизел моторите и најави опоравување на потполно разнишаната компанија.

Како што се предвидуваше, 20 членови на надзорниот одбор на состанокот во Волфсбург во седиштето на Volswagen го именуваа Mueller(62), кој е на чело на Porsche од 2010 година за наследник на Martin Winterkorn.

По повеќе часовниот состанок, шефот на надзорниот одбор Berthold Huber аферата ја нарече “морална и политичка невоља” на компанијата која е прв производител на автомобили во светот. “Ние можеме и ќе ја пребродиме кризата и од Volkswagen ќе направиме уште посилна компанија”, ветил Mueller.

Во средата извршниот директор, Martin Winterkorn, поднесе оставка поради скандалот околу фалсификување на тестовите за издувните гасови на дизел моторите кои го погодија VW. Тој во потполност ја превзеде одговорноста за скандалот кој изби во САД и покрена лавина која ја зафати целата автомобилска индустрија.

Во VW признаа дека во САД околу 482.000 автомобили ги опремиле со софтвер кој ја исклучува контролата на загадување на воздухот во возење а го вклучува само на еко тестот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top