„Изборите замка на државната мафија„

Распишување на избори е нова замка

 |  инфодеск  | 

„Граѓаните веќе 20 години не можат реално да променат власт, затоа што краде на избори и не би требало да се прифати распишување на вонредни избори„ – изјави Министерот за безбедност на БиХ Фахрудин Радончиќ.

Радончиќ кој е и претседател на партијата Сојуз за подобра иднина (СББ), потсети дека распишување на вонредни избори бараат двете партии кои се на власт во Босна и Херцеговина, иако изборниот закон не предвидува можност за одржување на вонредни избори.

Тој додава дека не е реално да се очекува распишување на такви избори, затоа што партиите во „Република Српска„ нема да се сложат со тоа.

„Наместо да нудат разни папирологии, подобро би им било да понудат оставки на своите кадри „ им порачува Радончиќ на актуелните партии на власт СДП и СДА.

Тој за ТВ Хајат рече дека некој мора да одговара за 20 години лоша власт.

„Имаме 55% невработеност, и сме први во Европа по сиромаштија и по системска корупција, и власт која ги краде сите избори наназад„ рече Радончиќ.

Истакна и дека не треба да се дозволи да гинат полицајци бранејќи било која власт во која министрите се со кривични пријави.

„Стотици луѓе по стотици пати доаѓале пред ентитетските влади, пред кантоналните влади. Спиеа таму, штрајкуваа со глад. Се онесвестуваа поради горештини, се смрзнуваа од студ. Арогантната власт не сакаше ни да ги забележи. Денес граѓаните се охрабрија. Почнаа да си ги баррат своите права, и тоа се случувало и во Грција и во земјите од ЕУ и во многу други држави„ – рече министерот.

Истакна дека стои потполно зад оправданиот народен револт, и дека моменталното решение е неодговорните поединци да си заминат од власта.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top