Гласањето за избор на претставници на Врховнато народно собрание се одвива според планот, објавила севернокорејската агенција KCNA, додавајќи дека одзивот до 14 часот по локално време изнесува 91%, пренесува агенцијата AFP.
Освен тоа што граѓаните физички ќе гласаат, во овие избори нема ништо демократско бидејќи во секоја од 687 изборни единици има само по еден кандидат., наведува AFP.
Како и неговиот татко пред него, Ким ЈонгИл е кандидат во единицата со број 111, во планинскиот реон Паект. Севернокорејците на таа планина и припишуваат боговски статус, бидејќи на падините на таа планина е роден Ким Јинг Ил.
Избори за Врховнато народно собрание се одржуваат секои 5 години, а таа институција заседава два пати годишно за да даде зелено светло на буџетот или на некои одлуки кои ги донесла владеачката Работничка партија.
Бидејќи има само по еден кандидат, гласачите можат само да напишат „ДА“покрај името на кандидатот на гласачкото ливче.
Излезноста на последните избори за собранието, одржани во 2009 година, изнесувала 99,98%, од кои сите гласале за предложениот кандидат во својата изборна единица.
За оние кои поради болест не можат да гласаат обезбедени се „мобилни гласачки кутии“.
За севернокорејските власти изборите служат за попис на населението и претставниците го посетуваат секое домаќинство во земјата за да заклучат дека сите регистрирани гласачи се присутни.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град