Еве како iWatch ќе го освои пазарот

Доаѓа време на паметни часовници

 |  инфодеск  | 

Apple оваа година би требало да го претстави iWatch и веруваат дека со опциите на заоблениот екран и бежично или соларно напојување на батеријата ќе го освојат пазарот.

Подолго време се шпекулира за паметниот часовник од Apple и се очекува Tim Cook службено да го претстави на крајот од годинава. Иако конкурентите, како Sony и Samsung, минатата година ги претставија SmartWatch 2 и Galaxy Gear, овие модели не привлекоа поголем број на корисници и поголем број на аналитичари предвидуваат дека интересот ќе се зголеми со појавувањето на iWatch, слично како кога се појави iPad, па интересот знатно се зголеми по таблетите.

Спрема последните информации iWatch на Apple ќе има заоблен екран чија дијагонала ќе изнесува 1,6 инчи, а на неговиот екран ќе се појавуваат најважните известувања од iPhone како пораки, нотификации од социјалните мрежи, електронска пошта, песни кои ги имате на телефонот и слично.

Apple посебно обрнува внимание на батеријата па моментално тестираат неколку можности на полнење на батеријата која би овозможила подолга работа со уредот. Еден од начините е бежично полнење кое би вклучувало магнетска индукција која наместо класичниот полнач, iWatch би се полнел со прислонување на посебна подлога за полнење.

Освен овој начин, Cook и екипата тестираат можност за полнење на батеријата по пат на соларни ќелии кои би требало да се вградени во екранот. Имено, со самото одење и замавнување со раката би се активирал мал полнач кој ќе ја опскрби батеријата со енергија.

Со оглед дека iWatch би требало да користи софистициран процесор кој ќе ја троши батеријата, јасно е зошто во Apple сеуште тестираат и бараат начин со кој би се решила потрошувачката на батеријата, а тоа е можеби главната причина зошто iWatch сеуште не е претставен.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top