Спроведеното истражување до фрапантни заклучоци

Употреба на телефон за време на возење е полошо од дрога и алкохол

 |  инфодеск  | 

Возачите кои  користат мобилен телефон за време на возење би требало по автоматизам да им се одземе возачката дозвола. Истражувањето покажало дека телефонирањето ги успорува реакциите на возачот повеќе отколку конзумирањето алкохол и дрога.

Истражувањето кое било спроведено во Велика Британија од страна на “Transport research laboratory” открило дека типкањето по тастатурата ги успорува реакциите за 37%. За споредба, уживањето во мариуханата ги успорува за 21% а во алкохолот за 13%.

Затоа сега во Велика Британија се разгледуваат предлози за драстично зголемување на казните за оние кои користат мобилен телефон за време на возење ( автоматско одземање на возачката дозвола и парична казна, како за возење под дејство на алкохол), а полицијата ја повикуваат на поголема будност и поригорозни контроли.

За време на овие десет години, колку што се казнува користење на мобилниот телефон за време на возење во Британија, казната се зголемила од 30 на 100 фунти, а судот може да одреди казна и до 1000 фунти. Бројките зборуваат дека на островото три четвртини од возрасните лица имаат смартфон.

Во 2012 година во Велика Британија се забележани 378 сообраќајни несреќи во кои некаква улога имале мобилните телефони а притоа 548 лица биле повредени, а 17 загинале.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top