Истражувачот кој го пронајде Титаник повторно во акција

Експедиција во Мексиканскиот залив и Карибите

 |  инфодеск  | 

Американскиот научник и истражувач Robert Ballard кој е заслужен за откривање на Титаник во 1985 година, тргна во нова експедиција по Карибите и Мексиканскиот залив.

За командантот на Nautilus, скоро четири месеци ќе ги истражуа екосоставите и тектонските пореметувања во тој регион.

„Тргна нашата експедиција 2104. Се упативме кон првото место на нуркање и предвидуваме дека прв пат ќе се нурнеме околу Bimini на Bahami”, пишува екипата на својата интернет страница.

Љубителите на нуркањето можат директно да го следат истражувањето на големиот брод долг 65 метри на страницата nautiluslive.org

Nautilus има софистицирана опрема за научни истражувања, меѓу кои уреди со далечинско управување кои можат да земаат примероци и да снимаат видеа.

Ballard е познат по бројни експедиции на дното од океаните. Заслужен е за откритието на Титаник, но и за германскиот воен брод Бизмарк и американскиот носач на авиони USS Yorktown.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top