Извештајот на австралиските истражители на воздухопловни несреќи покажува дека исчезнатиот Боинг претрпел прекин на напојувањето 90 минути по полетувањето.
Виталната опрема во исчезнатиот авион можеби е подесувана за време на летот за да се избегнат радарите, се тврди во извештајот. Експертите кои го проучувале извештајот на истражителите од Австралија, велат дека прекинот на електрична енергија во авионот би можело да биде обид за саботажа на трагичниот лет, пренесува Mirror.
Уредот за праќање на сателитски податоци се обидел да се спои со сателитот само по 90 минути по полетувањето, а тоа е веројатно резултат на прекинот со електрична енергија во авионот, се наведува во извештајот. Во суштина, ваков настан не е вообичаен и се јавува во неколку случаеви а тие се: прекин на напојувањето на SDU (satellite data unit), пад на софтверот, губење на системот кој внесува податоци во SDU или губење на врската поради висината на авионот.
Со анализа е утврдено дека најизгледната причина е токму прекинот на напојувањето на SDU. “Тоа морал да биде намерен чин на исклучување на напојувањето на одредени системи во авионот. Авионот има мнозина резервни системи и било каков прекин на напојувањето е секогаш поддржан со резервен. Лицето кое го работело тоа сигурно знаело што прави. Тоа мора да било намерно направено”, заклучил Peter Marosszeky од универзитетот New South Wales.
Прекинот на напојувањето го потврдила и сателитската компанија Inmarsat, но не можеле тоа да го објаснат.
Исчезнатиот авион се обидел да се логира на сателитите уште шест пати, вклучувајќи го и обидот три минути откако го открил малезиски воен радар. Последниот обид бил, се претпоставува, поради недостатокот на гориво и пред да се сруши во Индискиот океан.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град