Историски прелет на Ла Манш со авион на електричен погон

Авионот е производство на Airbus и е наречен E-Fan

 |  инфодеск  | 

Авионот кој е произведен од Airbus, наречен E-fan, полета од Lydd на југоистокот на Англија, а слета на аеродромот Calais-Dunkerque на североистокот од Франција по 41 минута лет, а тоа се споредува со настанот од пред скоро 106 години од првиот лет на Louis Bleriot со моторен авион кој го прелета каналот помеѓу Франција и Англија.

Со E-fan управуваше францускиот пилот Didier Esteyne кој изјави: “Да се изработи ваков авион и да се пилотира со него е како отстварување на детски сон”, но истовремено ги отфрли споредбите со Bleriot.

“Овој авион ќе ни овозможи решавање на проблемите со бучавата при тренинзите и ќе овозможи да направиме чекор напред во контролата на штетните гасови. Тоа се проблемите со загадувањето на човековата околина поврзани со воздухопловството”, рекол генералниот секретар на француското цивилно воздухопловство, Patric Gandil.

E-fan прв пат во јавноста е претставен во јуни 2013 година на изложба во Париз. Се работи за прототип на двосед на електричен погон, чии мотори со финансиска помош на француската влада ги изработи Voltair, една од компанииите кои се во групацијата Airbus.

Авионот од април 2014 извршил повеќе од 100 летови, тежок е 600 килограми, долг 6,7 метри а распонот на крилата е 9,5 метри. Двата мотори се со сила од 60 kW а се напојуваат од литиум-јонски батерии кои овозможуваат максимална брзина од 220 km/h. Траењето на летот е ограничено на 45 минути, а авионот е погоден за тренинг на пилоти, влечење на едрилици и вежбање акробации за време на лет, велат во Airbus кој има намера E-fan да го пушти на пазарот кон крајот на 2017 година.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top