Австралискиот министер за образование, Cristopher Pyne, објави дека програмирањето ќе ги замени географијата и историјата во новиот концепт на дигиталната технологија.
Австралија вложува многу напори младината да се фокусира на програмирањето во науката, технологијата, инженерството и математиката (скратено STEM) и тоа од ниските одделенија на основното училиште, бидејќи тоа создава нови работни места и иднина во економијата.
Австралиската влада вложила 12 милиони долари во четири различни STEM иницијативи.
“Високо квалитетна STEM едукација е многу важна за австралиската продуктивност и добробитот на економијата, како за сега така и за иднината”, наведува Pyne. “Го враќаме фокусот на STEM субјектот во образованието и работиме сѐ што е во наша моќ на професорите да им дадеме упати за STEM за време на нивните иницијални обуки”.
Од друга страна, опозицијата не е инпресионирана, па така Tony Abbot вели: “Министерот сака децата да ги вработи веќе со 11 години?”.
Сѐ на се, ова е голем пресврт во образовниот процес на Австралија, и факт е дека токму вакви работни места ќе бидат продуктивни во иднина.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град