Исламската држава објавила ново видео во кое предупредуваат дека нема безбедност за ниеден Американец на светот и тврдат дека САД ќе гори во уште еден напад како оној 9/11.
Во видеото наречено “ќе ја запалиме Америка” ги повикува приврзаниците на Исламската држава да ја нападнат САД одвнатре, тврдејќи дека безбедноста на нејзините граѓани е фатаморгана, пишува Daily Mail.
Во видеото се претставени и некои од најкрвавите злосторства на милитантите како што е обезглавувањето на James Foley, неколку масовни сечења на глави и стравичното палење на јорданскиот пилот Muahd al Kasabeh.
Во видеото се прикажани и рушењето на авионите во Светскиот трговски центар во септември 2001 година. Своја минутажа добил и Amedy Coulibaly кој во јануари уби четири цивили и полицаец во Париз.
Ова видео не е прво во кое има закани кон САД. Тие, исто така, во јануари се закануваа дека ќе го обезглават Обама и ќе ја претворат земјата во муслиманска покраина.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град