Исламска држава е поразена и протерана од Фалуџа

Првиот ирачки град кој беше поробен од Исламска држава е ослободен

 |  инфодеск  | 

“Фалуџа се врати во татковината. Нашите сили го контролираат градот и цврсто владеат таму”, рекол премиерот Haider al Abdadi во телевизиското обраќање. Премиерот се обрати до јавноста неколку часа откако ирачките сили со помош на САД ги завзеле клучните позиции, вклучувајќи ја и зградата на седиштето на владата и главната болница во самиот центар на градот.

Фалуџа е град кој се наоѓа на 50 километри од Багдад и беше првиот ирачки град кој падна во рацете на радикалната сунитска група во 2014 година.

“Операциите продолжуваат. Копнените сили на ирачката војска го завземаа центарот на градот и работат на ликвидација на преостанатите непријателски елементи на Исламската држава во градот”, соопштил портпаролот на Пентагон Matthew Allen.

Премиерот al-Abdadi најави и дека следен за ослободување од Исламска држава е градот Мосул.

“За Исламската држава нема место во Ирак. Напуштете ја нашата земја, Ирак е само за Ирачаните”, порачал премиерот.

Џихадистите се уште ги контролираат сунитските делови на северот и западот од Ирак, вклучувајќи го и Мосул, вториот најголем град во Ирак.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top