Исламска држава поразена во древниот град Палмира

Ослободено е едно од големите упоришта на таканаречениот калифат

 |  инфодеск  | 

Сириските владини сили повторно ја презедоа контролата врз древниот сириски град Палмира, објавија државните медиуми и групата за мониторинг.
„По жестоките судири во текот на измината ноќ, војската потполно го контролира градот Палмира, вклучително и древната знаменитост и истоимената станбена населба. Џихадистите се повлекоа од таму“, изјавил воен сириски извор за француската новинаска агенција AP.

„Денеска утрото уште се водеа борби. Меѓутоа, терористите коишто беа останати во градот се ликвидирани. Уништени се последните џихадисти“, изјавил за руската агенција РИА извор од штабот за операцијата за освојување на Палмира.

Палмира е една од шесте локации од светското културно наследство на човештвото на списокот на УНЕСКО во Сирија, а Исламската држава го зазема градот во мај годинава. Пред повлекувањето од градот, сириската армија го евакуираше најголемиот дел од артефактите од централниот музеј во Палмира. По заземањето од џихадистите, според очевидци, минирани се сите објекти на локалитетот, меѓу другото и големиот антички амфитеатар, кои постепено се уриваа.
Станува збор за една од стратешките победи на владата на претседателот Башар ал-Асад против Исламската дражва бидејќи ирачкиот Мосул, и сириските градови Палмира и Рака, се најголемите градови во таканаречениот калифат кој во јуни 2014 година го прогласи челникот на Исламската држава, Абу Бакр ал-Багдади.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top