Исламска држава од мала теористичка група до глобална закана

Нападите во Париз се најсмртоносното дивјаштво на екстремисти вон исламскиот свет

 |  инфодеск  | 

Исламската држава (IS), која ја превзеде одговорноста за нападите во Париз во кои беа убиени 129 лица, почна како мала терористичка група кон крајот на ’90-те години, а стана позната за време на американската инвазија на Ирак.

Нападите во Париз се најсмртоносното дивјаштво на екстремисти вон исламскиот свет. САД организираше коалиција против IS во 2014 година, откако IS го окупира ирачкиот град Мосул и се прогласи за калифат на кој треба да се покорат сите муслимани, а подоцна тргна во освојувачки поход.

И покрај некои назадувања, вклучувајќи ги неодамнешните порази од Курдите кои со помош на воздушната поддршка на коалицијата предводена од САД, нема знаци дека оваа група ќе биде поразена.

Меѓутоа, IS продолжува да ги воодушевува обесправените муслимани и муслиманки, особено младите, кои во неа гледаат спас. Дотолку повеќе, таа привлекува талентирани поединци, од воени команданти до лекари.

Нејзиниот слоган кој се преведува како “трајна и се шири”, укажува на нејзините амбиции. Исламската држава е поврзана со низа на групи кои контролираат подрачја на југоисточна Азија до западна Африка и често ги користи ситуациите на анархија на подрачјата населени со сунитски муслимани.

Една од нејзините најсилни сојузници е синајската група во Египет која ја превзеде одговорноста за падот на рускиот авион минатиот месец во кој загинаа 220 луѓе.

На чело на IS прво беше Јорданецот Abu Musab al Zarqawi, кој претходно проведувал многу време со џихадистите во Авганистан. Тој водеше убиствена кампања во Ирак предизвикувајќи конфликти  помеѓу сунитските и шиитските муслимани, со што помогна да се испровоцира граѓанска војна по падот на Saddam Hussein. Веќе во 2005 година Zarkawi организираше самоубиствени напади во Јордан во кои се убиени десетици луѓе, меѓудругите и гости по свадби, покажувајќи дека нема обзир спрема цивилни жртви туку намерата му била да убива невини во било која земја.

Осум месеци подоцна Zarkawi е убиен во американски воздушен напад северно од Багдад. Неговата група, која редовно менувала имиња, беше соочена со тепки назадувања следните години. Меѓутоа, со доаѓањето на сегашниот шеф Abu Bakr al-Baghdadi, IS повторно зема замав.

Сириската граѓанска војна послужи како повик за собирање на IS која до 2014 година беше позната како Исламска држава на Ирак и Сирија. Истата година се прекинати односите со al Qaeda на која и беше верна од 2004 година, поради конфликтот со една исламистичка група во граѓанската војна во Сирија која ја поддржувала al Qaeda.

Идеологијата на IS е “или со нас или против нас” и ако било кој стриктно не го почитува ова веднаш се прогласува за неверник.

Жителите кои живеат на подрачјата окупирани од IS се изложени на ужасни насилства, како камшикување, сакатење, обезглавување и распнување. Тие методи не служат само за заплашување на непријателот туку и за привлекување на нови следбеници.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top