“Исламска држава продава нафта на режимот на Асад” рекол Adam Szubin, висок функционер на американското министерство за финансии.
“Тие настојуваат да се уништат меѓусебе а сепак учествуваат во трговијата со нафта вредна милиони долари. Количините за кои зборуваме и сумите пари се огромни”, рекол Szubin.
Тој истакнува и дека “далеку најголемата количина” на нафта од Исламската држава завршува под контрола на Асад додека дел се троши во подрачјата на Исламска држава, но и дека дел завршува во курдските региони и Турција.
Szubin истакнал дека “мал дел ја преоѓа границата во Турција”.
Милитантите на Исламска држава заработиле 500 милиони долари од продажба на нафта на црниот пазар и ограбиле скоро една милијарда долари од банките во Сирија и Ирак, истакнува Szubin во припремениот говор.
“Мислиме дека Исламската држава го стекнува својот профит со изворите за нафта и иако нивната нафта завршува на разни места тоа не е притисокот кој го сакаме кога станува збор за стопирање на финансирањето туку се сведува на уништување на нивната инфраструктура”, заклучил Szubin.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град