За да ја уништи најокрутната и најбогата терористичка организација на светот, Исламската држава, Западот засилено ги бомбардира нафтените полиња и цистерните на џихадистите, спроведува трговски санкции и ги отстранува финансиерите. Но, за да се уништат екстремистите очигледно ќе треба многу повеќе отколку што се чинеше на почетокот, пишува News.com.au.
ИД од нафтените полиња кои ги окупираа на сиријскиот режим годишно заработува половина милијарда долари, а ја продаваат дури и на самиот Башар ал-Асад.
Clive Walker од универзитетот во Лидс тврди дека се направени многу илегални трговии со соседните држави, па и со Турција. “Но, и ако сето тоа се запре и понатаму ќе има проблеми”, рекол Walker.
Освен нафтата, другите извори на финансирање на ИД носат повеќе пари од нафтата. Се работи за бизнисот со изнуда и оданочување на претпријатија и домаќинства внатре во територијата на ИД, кои според пишувањето на NY Times, во 2014 година им донесол 600 милиони долари заработка. Тука се и парите украдени од сефовите на државните банки на Ирак, што сочинуваат додатни половина милијарда долари. Украдени се и роба и разни предмети, драгоцени археолошки предмети, а некои историски места се уништени за да се обезбеди поголема пазарна вредност на украдените артефакти.
Земјоделството во рацете на терористите е најмалку ценет ресурс. Се проценува дека ИД укралe повеќе од 200 милиони долари во пченица од ирачките силоси и превзема контрола над подрачјата со посеви вредни уште 200 милиони долари на годишно ниво.
Откупнините за киднапирањата исто така носат суми од десетици илјади долари.
Професорот Walker наведува уште една причина зошто нападите на касата на ИД нема да донесат резултат, а тоа е дека трошоците на ИД не им се големи.
“Не мислам дека проблемот се парите. Многу од вооружувањето го имаат од ирачката војска. Тоа не ги чинеше ништо. Борците кои доаѓаат од запад често со себе носат кеш, не очекувајќи плати и се борат за чест и слава. Не сум сигурен дека се вообичаени војници кои чекаат плати”, рекол Walker.
Мало е влијанието кое на ИД го прават трговските санкции, воздушните напади на нафтените извори, но сепак можат да им ги пореметат плановите.
“Не мислам дека тоа ќе донесе брзи резултати, но сигурно не гледам причина зошто не би се превземале такви акции. Не само дека ќе влијае на ИД туку важен е и начинот на собирање на разузнувачки информации во регионот – кој им помага, дали е тоа Турција или Ирак. Важно е собирањето на информации и да се направи обид да се убедат луѓето дека не им е во интерес да се биде поврзан со ИД”, заклучил Walker.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град