Исламисти со закана пред натпреварот Вердер – Волфсбург

Нервоза кај жителите на Бремен пред денешниот натпревар

 |  инфодеск  | 

Нервозата меѓу жителите на Бремен воочи натпреварот на нивниот клуб со второпласираниот состав од Бундес лигата внесе соопштението на германските безбедносни служби.

Тие најавија дека постои закана од исламисти пред натпреварот Вердер – Волфсбург, кој треба да се одигра денес во 17.30 часот, и како што пишува Bild, превземени се посебни превентивни мерки околу стадионот на Вердер.

Во градот од рано наутро се забележуваат зголемени полициски сили од вообичаеното, а засилени се и мерките на безбедност на јавните места.

Генералниот менаџер на Вердер, Thomas Eichin најави дека наптпреварот ќе се одигра во што веруваат и германските медиуми, кои се сложни во оценката дека сите навивачи кои ќе тргнат на овој натпревар ќе се чувствуваат нелагодно.

Да додадеме дека Weserstadion има капацитет од 42.500 гледачи.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top