Исчезнува еден мегапроизводител на пиво?

Се создава мегакомпанија која ќе произведува една третина од светското производство на пиво

 |  инфодеск  | 

Anheuser-Busch inBev, најголемиот производител на пиво му предложи на најголемиот конкурент SabMiller превземање во кој би се создала мегакомпанија кој ќе произведува една третина од вкупното производство во светот.

SаbMiller, втор најголем производител на пиво во светот, меѓу кои се брендовите Peroni, Grolsch и Pilsner Urqwuell, потврдил дека управата на AB inBev предложила превземање, но сеуште не поднела конкретна понуда.

Со спојувањето на овие две компании ќе се создаде џин вреден 275 милијарди долари, земени во обзир сегашните цени на акциите на овие два производители на пиво.

AB InBev, производител на марките Budwiser, Stella Artois и Corona, ќе мора да понуди најмалку 62 долари по акција за превземање на SabMiller па целата трансакција се проценува на околу 130 милиони долари, вклучувајќи ги и долговите на SabMiller.

Ова би било најголемото превземање во светот оваа година доколку се случи, а ако се случи тогаш новата компанија ќе произведува една третина од вкупниот пазар на пиво во светот.

Минатата година уделот на AB inBev на светскиот пазар беше 21,1% додека SabMiller држеше 15% од пазарот во светот.

Ако се постигне договор за спојување на овие две компании, во некои земји како САД и Кина, регулаторите ќе мораат да разгледуваат дали се работи за создавање на монопол на тие пазари.

По овие вести, во средата цените на акциите на SabMiller скокнале за 20%, а на AB InBev за 6%.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top