Исчезна авион на Egypt Air во Медитеранот

Утрово над Медитеранот од радарите исчезна авион на Egypt Air

 |  инфодеск  | 

Авион на компанијата Egypt Air кој летал на релацијата Париз – Каиро исчезнал од радарите додека бил над Медитеранот, а во него се наоѓале 66 патници.

На официјалниот твитер профил на компанијата Egypt Air пишува дека летот MS804, со 56 патници и 10 членови на екипажот, кој синоќа полетал во 23.09 од аеродромот Шарл де Гол исчезнал од радарите рано утрово. Спрема првите информации, станува збор за авионот Airbus A320-232.

Агенцијата AP пренесе дека Ihab Raslan, портпаролот на Египетската агенција за цивилно воздухопловство, рекол дека Airbus-от најверојатно се срушил во Средоземното море.

Авионот требало да слета пред три часот утринава во Каиро, а медиумите веста ја објавија два часа по закажаното време на слетување. Од авионот не е пратена порака за помош, па се претпоставува дека, што и да се случило, се случило наеднаш.

Авионот исчезнал околу 2.45 часот над Средоземното море, 16 километри во воздушниот простор на Египет и бил на висина од 11.000 метри во моментот кога исчезнал. Спасувачки екипи се веќе на теренот, а во потрагата се вклучиле и специјалните сили на египетската војска, припадници на грчката војска со два авиони С-130 и со авион за предупредување, а во приправност се и хеликкоптери на островот Карпатос за во случај да дојде до операција за спасување на патници.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top