Исчезна авион на AirAsia

Авионот на Air Asia не пратил никаков повик за помош

 |  инфодеск  | 

Авионот на AirAsia, кој исчезна утрово на летот од индонезискиот град Сурабај кон Сингапур, не пратил никаков повик за помош, рекол директорот на индонезиската агенција за воздухопловство при  министерство за сообраќај Joko Myrio Atmodjo.

Авионот изгубил контакт со контролата на летање откако побарал дозвола да ја зголеми висината за да избегне облаци. Авионот од типот Airbus 320-200, со 155 патници и седум членови на екипажот е во сопственост на индонезиската компанија AirAsia. Летот QZ8501 изгубил контакт со контролната кула во Џакарта во 6.17 часот по локално време, односно 17 минути по полноќ по средноевропско време.

“По 50 минути барање во 7.08 часот авионот е прогласен за исчезнат”, рекол директорот Atmodjo.

Спрема информациите од компанијата пилотот и копилотот се искусни. Покрената е операција на пребарување и спасување во која учествуваат индонезијската морнарица и воздухопловни сили.

 На летот биле 157 Индонезијци, 3 Кореанци и по едно лице од Сингапур, Британија и Малезија. Авионот требало да слета во Сингапур околу 1,30 часот по средноевропско време.

Сингапурскиот аеродром на својата интернет страница за тој лет навела дека доцни. Нискобуџетната индонезијска компанија AirAsia е 49% во сопственост на малезијската компанија AirAsia.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top