По интернет се шири еден од најсофистицираните вируси

Откриен е нов и многу напреден вирус наречен Regin

 |  инфодеск  | 

Компанијата Symantec, која се занимава со безбедност, открила нов и многу напреден вирус наречен Regin кој го опишуваат на следниот начин: “Комплексноста на овој вирус чија структура прикажува степен на техничка компетенција која е ретко видена”.

Иако малку се знае за новиот вирус и се нагаѓа дека истиот е развиен од американската влада или Кина, за да ги следат компјутерите на корисниците кои имаат инсталиран Windows од Microsoft. Вирусот е во можност да украде шифри, да го слика екранот и да враќа избришани датотеки.

Од Symantec велат дека за развојот на овој вирус биле потребни месеци а можеби и години со оглед дека девелоперите навлегле во детали за да ги скријат своите траги, така што многу е тешко да се следи трагата на овој вирус.

Sian John, безбедносен стратег во Symantec, вели дека вирусот доаѓа од запад. Regin се споредува со Stuxnet, исто така еден опасен црв кој бил развиен од страна на САД и Израел за да се следи нуклеарната програма на Иран, односно за да се уништи иранската опрема, додека задачата на Regin е собирање на податоци.

Овој софтвер се користел наназад неколку години, а се смета дека ова е досега најголема шпијунажа од 2008 година, тврди Liam O’Murch. Софтверот е стопиран во 2011 година, но новата надоградена верзија е пуштена во погон две години подоцна.

Вирусот е пронајден на системите претежно во Русија и Саудиска Арабија, а во помал обем во Мексико, Ирска, Индија, Авганистан, Иран, Белгија, Австрија и Пакистан.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top